Во Белград денеска „Парада на гордоста“ со слоганот „Гордоста е народот“

Манифестацијата „Белград Прајд“ која годинава се одржува под слоганот ќе се одржи денеска во Белград, а собирот пред традиционалната Парада на гордоста ќе започне во 16 часот и ќе се одвива низ централните градски улици околу Владата и Собранието на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Влезот на Прајд е отворен за сите граѓани, нема однапред утврден список на учесници, изјавија организаторите.
По прошетката, предвидени се и традиционални концерти во паркот Мањеж, меѓу кои ќе настапат Бојана Вунтуришевиќ, Рајвен, Ива Лоренс, Зои, Зорја, Кат Доса и Тијана Богиќевиќ.
Кума на овогодишниот Прајд е пејачката Зејна Муркиќ, додека Суннока е кралица на гордоста.
Организаторите апелираа до учесниците да избегнуваат конфликти со припадниците на безбедносните служби и потенцијалните контрадемонстранти, како и да не ги истакнуваат ЛГБТИ+ симболите при пристигнувањето на настанот, туку да ги истакнат дури по пристигнувањето во паркот.
Организаторот на овогодишниот Прајд, Горан Милетиќ, по повод денешната Парада на гордоста вели дека прошетката е симболична, по што треба конкретно да се решат барањата на ЛГБТ заедницата.
-Луѓето ги разбираат сите други работи. Затоа ние инсистираме да се донесе Законот за истополови заедници, бидејќи граѓаните одамна разбраа дека во тој поглед треба да се воведе практика на наследување и за ЛГБТ членовите, да се регулира здравственото осигурување и посета на болници и се друго што не тишти, изјави Милетиќ.
Полицијата го окарактеризира Прајд како настан од висок ризик, но Милетиќ смета дека тој одамна не е толку ризичен.
-На нив е да проценат и да се занимаваат со тоа, но јас мислам дека по многу години тоа веќе не е небезбедна манифестација, истакна Милетиќ.
Ново на Сител
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
-

Снег на Попова Шапка, задолжителна зимска опрема за возилата
-

Полиција потврди дека крадците испразниле 3.000 сефови од трезорот на Шпаркасе банка во Гелзенкирхен
-

Во Норвешка речиси сите нови автомобили во 2025. беа електрични
-

Двајца загинати откако возило заврши во Радика
-

Запалениот бар во Кран Монтана имал неколку излези за евакуација, но гостите не ги нашле, тврди шефот на полицијата
-

Идентификувани 113 од 119-те повредени во пожарот во Кран-Монтана
-

Израел погодил десетина цели на Хезболах во јужен Либан
