Македонија
14. September 2024 - 9:09

Сиљановска Давкова и Радев согласни дека е потребен дијалог

Со добра волја, меѓусебна почит и разбирање може да се најде решение за отворените прашања меѓу Скопје и Софија, оцени претседателката Гордана Сиљановска Давкова по вчерашната среба со нејзиниот бугарски колега Румен Радев. Шефот на бугарската држава, пак, очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од Сиљановска Давкова да стане конзистентна политика на Владата во Скопје и тврди дека Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Северна Македонија.

- Убедена сум дека разговорот што помина во една дебатна пријатна атмосфера ќе вроди со плод. Не можам да кажам дека утре ќе се случи тоа, но важно е да почнете. Уште еднаш се покажа дека кога ќе седнете и разговарате водени од добра волја bona fide, а не од mala fide ќе направите еден голем исчекор кон пронаоѓање заеднички важни решнија. Јас не сум случајно овде, дојдов за да разговарам, и се разбира дека сега го очекувам претседателот Радев да дојде во Скопје. Мислам дека ако се слушаме, ако се почитуваме, ако имаме волја да се разбереме, тогаш решението е на дофат, изјави претседателката Сиљановска Давкова. 

Прашана околу што се согласиле со Радев, таа посочи дека се обединиле околу европската интеграција, копенхашките критериуми, регионалниот пристап на решавање на проблемите.

-Се обединивме околу фактот дека научените бугарски лекции на европскиот пат ќе ги добиеме, нема да треба да ги повторуваме грешките и оти ќе трагаме по компромис и заедничко решение без никој да се чувствува навреден или повреден и без никој да мисли дека бил заборавен. Искрено секој од нас го кажа своето видување, со респект се сослушавме, но факт е дека ние ги претставуваме националните интереси на едната и на другата држава, а факт е и дека дијалогот е клучното решение, рече Сиљановска Давкова.

За прашањето околу внесување на Бугарите во Уставот конкретно не станало збор на средбата со Радев, а во врска со нејзиниот став за промената на Уставот, Сиљановска Давкова рече дека одлуките за овие прашања ги носат пратениците во Парламентот и не зависат од ставови на подинци. 

- Вклучувањето на Бугарите во Уставот не зависи од мене. Јас да сум апсолутен монарх можам да го сменам Уставот, но пратениците ги претставуваат граѓаните, гласаат по сопствено убедување. Не можам да ја суспендирам парламентарната демократија, но се разбира дека разговаравме за сите прашања, велам разговаравме, бидејќи ние не може да донесме решение, ниту да го наметнеме на останатите и на нацијата. Но, разговаравме и тоа е здраво, изјави претседателката.

Радев по средбата не даде изјава, туку се огласи преку соопштение од неговиот кабинет во кое се нагласува дека „Бугарија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Гордана Сиљановска да стане конзистентна политика на Владата на Република Северна Македонија“. Радев истакнал дека дијалогот на највисоко ниво меѓу двете земји треба да биде активен и да ја стимулира работата на владите, бизнисите, како и билатералната размена во областа на образованието, науката и културата.

- Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со РСМ и очекува таа не само да помогне во билатералното културно зближување и економската соработка, туку и преку неа да се постигне решение за отворените прашања во односите меѓу двете земји. За нив мора да се одлучува врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, протоколите потпишани кон него и Заклучоците на Европскиот совет од летото 2022 година, усвоени едногласно од сите земји-членки на ЕУ и со согласност на РСМ. Ова е начин да се отвори преговарачкиот процес за целосна европска интеграција на РСМ во интерес на младите во земјата, а тоа ќе биде позитивен знак за целиот регион, се наведува во соопштението од кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој повикува и на многу поактивни заеднички напори од страна на Софија и Скопје за изградба на транспортниот коридор 8, кој, како што подвлекува, е од клучно значење за поврзаноста и безбедноста во Југоисточна Европа и ќе создаде квалитативно нови услови за бизнис, туризам и поттикнување на инвестиции во регионален план.

Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Северна Македонија и очекувам овој дијалог да придонесе кон нашето културно зближување, но и да ја поттикне економската соработка. Оче

Во изјава за медиумите дадена вчера пред средбата со македонската претседателка, Радев изрази надеж дека конечно ќе се решат отворените прашања меѓу двете земји, но повтори дека Северна Македонија треба да ги исполни сите свои обврски и кон Бугарија и кон Европската Унија, 

Според него, Владата на Северна Македонија сè уште ја нема напуштено изборната реторика. 

- Владата на Република Северна Македонија сè уште не ја напуштила изборната реторика. Потребно е да се вратиме во реалноста. Нашите односи ќе зависат од склучените договори, потенцира Радев.

И технички премиер Димитар Главчев вчера повика да се почитуваат преземените обврски и кажа дека Бугарија нема да ги репреговара условите од договорот со Република Северна Македонија.

- Нема за што да се преговара. Ние го имаме ставот на Бугарија. Тие велат дека нема да преговараат со техничка влада, но јас би рекол дека од наша страна нема волја за преговори, бидејќи нема за што да преговараме. Има заедничка европска позиција. Да преговараат со Европската Унија. На последниот Европски совет изјавив дека Република Северна Македонија не се придржува кон преземените обврски, поради што истото го посочи и премиерот на Грција, дека Република Северна Македонија не го почитува Преспанскиот договор, така што нашата позиција ја изнесовме на највисоко можно ниво, рече Главчев.

Протоколот што вчера го потпишаа министерот за надворешни работи Бујар Османи и неговата колешка од Бугарија Теодора Генчовска е дипломатски нокаут и капитулација, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Во пресрет на посетата на Сиљановска Давкова на Софија, премиерот Христијан Мицкоски, пак, изјави дека државава сака да гради добрососедски односи и дека тука нема никаква дилема.

- Нашата цел е да градиме добрососедски односи и така и ќе продолжиме. Имаме наши позиции по однос на нашите интереси. Ние ќе се бориме за нашите интереси како држава и не треба ништо да биде чудно, изјави Мицкоски.

Сепак, кажа дека сега е период кога апсолутно ништо не може да се случи во преговорите со Бугарија се додека таму не се избере политичка влада.

- Сега е период кога апсолутно ништо не може да се случи во тој процес, бидејќи како што знаете имаме период кога во Бугарија ќе се случуваат нови седми по ред, во последните три години предвремени Парламентарни избори. Да почекаме да се случи таму политичка Влада, за да видиме дали постои желба за дијалог. Ние сме подготвени да разговараме, сакаме да разговараме и тоа го пренесуваме на нашите соговорници, кои доаѓаат од Брисел. Инаку што се однесува до нашите предлози, тие во јавноста се познати, коментирани многу пати до сега, изјави Мицкоски.

Американското Министерство за финансии го означи Јордан „Орце“ Камчев на црната листа на САД поради коруптивни и криминални дела, а сега на надлежните органи и институции во земјвата е што по

Посетата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Софија и средбата со Радев ја поздрави американската амбасадорка во Скопје Анџела Агелер.

- Одлично што претседателката оди во Бугарија на покана на претседателот Радев. Овие врски во регионот се многу важни, бидејќи сте соседи. Колку се посилни односите меѓу соседите, толку побезбедна, попросперитетна и стабилна може да биде секоја земја, изјави Агелер.

Претседателката Сиљановска Давкова престојуваше во Софија по повод гостувањето на Македонската опера и балет и изведбата на операта „Набуко“ од Џузепе Верди. 

Ова беше прва средба на претседателката Сиљановска Давкова со Радев откако во Рим на чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј не дојде до средба.