Маж исчезна во лавина, во дел од Австрија прогласена природна катастрофа

Австриските служби за итна помош трагаат по еден маж што се води како исчезнат во лавина. Снегот на планините во западниот дел на Австрија го отежнува сообраќајот на повеќе патишта.
На некои места во Тирол снежната покривка изнесува и до еден метар, што е исклучителна ситуација во средината на септември, а минатата недела беа забележани температури над 30 степени Целзиусови.
Додека во јужна Австрија ветерот достигна брзина до 146 километри на час, а во северниот дел наврна 170 литри дожд на метар квадратен.
Пожарникарите во Виена во изминатите 24 часа интервенирале околу 150 пати во чистење на одводните канали и испумпување на вода.
Поради невремето од безбедносни причини е затворено најпосетуваното место во Австрија – Паркот Шенбрун.
Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека „врвот сè уште не е достигнат“, а дел од североисточниот дел на земјата е класифициран како зона на природна катастрофа.
Ново на Сител
-

Од денеска престануваат олеснувањата за EES на границите на ЕУ, можни подолги редици
-

30 дена притвор за владин возач кој барал 1.500 евра за вработување пожарникар
-

Автобус со студенти падна во провалија на Зеленортските Острови, најмалку 21 загинат
-

УС опен: Американецот Фриц водеше со 2-0 во сетови и го загуби мечот
-

Кај кавадарчанец пронајдена дрога и пари при претрес на „Тиквешки гроздобер“
-

Полицијата приведе маж од Македонски Брод осомничен дека предизвикал пожар
-

Американските пратеници му презентирале на Путин нови идеи за прекин на војната во Украина
-

Не стивнуваат пожарите во Албанија, вчера регистрирани 21, активни 11 пожари
