Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата
Екипажот на Space X се врати на Земјата по пет дена во орбитата, по историската мисија која ја вклучи првата приватна вселенска прошетка на милијардерот Џаред Ајсекеман и инженерката Сара Гилис.
Тие ја изведоа својата прва вселенска прошетка на надморска височина од 740 километри, со цел да тестираат нова линија на вселенски одела.
Рано утринава капсулата „Драгон“ слета во Мексиканскиот залив, достигнувајќи максимална височина од 1.408 километри по полетувањето во вторникот, што е повисоко од Меѓународната вселенска станица (МВС) и вселенскиот телескоп Хабл.
Прошетката траеше два часа, значително помалку од оние што ги изведуваа астронаутите на ISS.
Во мисијата беа и пилотот Скот Потита и инеженерката Ана Менон, а Исакман и Гилис станаа 264-те и 265-те луѓе што извеле вселенски прошетки.
Ова е прва приватно финансирана мисија во вселената, а досега прошетките ги извршуваа исклучиво професионални астронаути. Од SpaceX велат дека оваа кратка вежба е почетна точка за тестирање на технологијата на вселенски одела за идни, подолги мисии на Марс.
Џаред Исакман, пилотот и милијардер, основач на компанијата за електронско плаќање Shift4, ја финансираше мисијата Polaris, како и неговиот лет Inspiration4 со SpaceX во 2021 година.
Тој одби да каже колку плаќа за мисиите, но се смета дека тие чинат стотици милиони долари.
Вселенското летало „Драгон“ ја обиколи Земјата најмалку шест пати во средата во овална орбита која се протега на 1.400 километри, што е најоддалеченото патување на луѓето во вселената од последната американска мисија „Аполо“ во 1972 година.
Ново на Сител
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН
-
Над 7.500 ученици во Општина Аеродром добија бесплатни училишни униформи
-
Муцунски на Столтенберг му врачи Плакета за постигнатите успеси
-
Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана
-
Утре променливо облачно со повремен дожд, температура до 25 степени
-
Израел во состојба на готовност: Илјадници војници се префрлија на север поради страв од одмазда на Хезболах