Фирмата која готви за АРМ: Храната и кујната се 100% исправни
Фирмата Далма фоод и кетеринг, која подготвува храна за македонската војска денеска соопшти дека сите анализи од надлежните институции потврдуваат дека храната и кујната се сто посто исправни и не се најдени бактерии или други причинители за труење, но исто така и дека брисевите земени од вработените се негативни. Соопштението од фирмата е реакција на тврдења во јавноста дека последниот случај на труење на војници е последица од храната која ја готви оваа фирма.
„Во врска со јавно искажаните шпекулации за реализацијата на Договорот за јавна набавка за исхрана на припадниците на АРМ, склучен помеѓу Далма фоод и кетеринг сервис ДООЕЛ Скопје (носител на набавка), сакаме да ги информираме засегнатитњ страни и целокупната јавност дека во периодот од 12.09.2024 до 19.09.2024 фосин, надлежни органи и институции на РСМ извршија вонредна контрола на кујната во рамки на ДАалма фоод и кетеринг сервис ДООЕЛ Скопје каде се подготвува храната (оброците) за АРМ.
Од сите земени мостри од храна, површини и намирници, резултатите покажуваат негативни наоди за постоење на било каква бактерија или друг вид на причинител кој може да предизвика труење.
Дополнително, во рамки на контролата се земени и брисеви од опремата и од вработените кои исто така се негативни во целост“, се вели во соопштението на фирмата во кое како прилог се дадени и наодите од анализите.
Ново на Сител
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија