Loading Video...
Македонија
2. October 2024 - 19:51

Tекстилството останува без кадар, со ниски плати и непочитување на работничките права

Работниците во производствените капацитети можат да се задржат само со реални и конкретни решенија, а се но популистички мерки. Непочитувањето на работничките права и ниските плати се причина фирмите да остануваат без работна рака, а реалниот сектор полека да тоне, истакна Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“.

- Ние сакаме да збориме за покачување на плататите во реалниот сектор, од којшто зависи јавната администрација. Мора да се разговара за долгорочни решенија, за тоа како стопанството да биде подобро, како економијата да биде посилна, стандардот на работниците да биде подобар. Не се потребни политички мерки од денес за утре, кои подоцна ќе бидат изедени како плати - изјави Кристина Ампева, „Гласен текстилец„-Штип.

Текстилната индустрија мора да најде начин да се реинкарнира и да го преквалификува сопственото производство од лон во сопствен бренд. Општината им се става на располагање на работодавачите преку меѓународната организација АКТЕ, да црпат искуства од европските градови каде доминантно е конфекционерството.

 - Во најголем дел од овие градови имаат и средно текстилно училиште, имаат и академии и факултети во областа на текстилната индустрија и тоа се основните предуслови за развој на оваа индустрија. Ние ги имаме сите основи за овозможување на развој на овој сектор, изјави Вишна Шорова-Ангелова, секретар на Општина Штип.

На прес конференцијата беше најавена и осмата по ред Текстилијада, на која меѓу другото ќе се зборува и за подобрување на работничките права и покачување на платите на работниците.