ФФМ ги одреди казните за последните инциденти во Првата и Втората македонска лига
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја соопшти одлуката на Дисциплинската комисија за изречени казни поради инцидентите за време на дуелите од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Тиквеш, чиј терен беше суспендиран поради инцидентот на дуелот со Вардар, доби забрана да ги игра следните два натпревара на свој терен и истите како домаќин ќе треба да ги организира на најмалку 100 километри оддалеченост од Кавадарци.
Идентична казна заработија и второлигашите Башкими и Вардар Неготино, на чии терени, исто така, се случија инциденти на последните натпревари.
Во Кавадарци со тврд предмет беше удрен еден од асистентите на главниот судија Александар Ставрев, по што овој го прекина дуелот меѓу Тиквеш и Вардар.
Башкими е казнет за инцидентот при соочувањето со Беласица, додека Вардар Неготино за случувањата на дуелот со Охрид.
Ново на Сител
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти
-
Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди
-
Во Прилеп денеска е ден на жалост
-
Ракометарите на Веспрем триумфираа на Светско клупско првенство
-
Дождот добредојден за земјоделството, се препорачува примена на агротехнички и превентивни мерки
-
Почина малолетник во сообраќајна несреќа на патот Куманово - Крива Паланка