Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето

Монашкото братство на Свештената Бигорска Обител, предводено од Преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, упати честитка до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањетопо.
- Со духовна радост ги изразуваме своите искрени благопожелби и честитки до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, по повод 25-годишнината од неговата интронизација, стои во честитката.
Се додава дека изминатите две и пол децении на пастирска љубов и неуморна служба за Црквата и за народот се сведоштво за неговата силна вера и преданост кон православното духовно и културно наследство.
- Со молитви кон Пресвета Богородица и кон Светиите Божји, просиме небесни благослови за нашиот сакан Архиепископ, та да го продолжи своето апостолство во мир, цел, чесен, здрав, долговечен, со љубов и Божествено просветление. Нека годините што следуваат му бидат исполнети со здравје и со секојдневни Божји благодати. На многаја и благаја лета, Ваше Блаженство, се посакува во честитката на монашкото братство на Свештената бигорска Обител, предводено од владиката Партениј. Монашкото братство на Свештената Бигорска Обител, предводено од Преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, упати честитка до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањетопо.
- Со духовна радост ги изразуваме своите искрени благопожелби и честитки до Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, по повод 25-годишнината од неговата интронизација, стои во честитката.
Се додава дека изминатите две и пол децении на пастирска љубов и неуморна служба за Црквата и за народот се сведоштво за неговата силна вера и преданост кон православното духовно и културно наследство.
- Со молитви кон Пресвета Богородица и кон Светиите Божји, просиме небесни благослови за нашиот сакан Архиепископ, та да го продолжи своето апостолство во мир, цел, чесен, здрав, долговечен, со љубов и Божествено просветление. Нека годините што следуваат му бидат исполнети со здравје и со секојдневни Божји благодати. На многаја и благаја лета, Ваше Блаженство, се посакува во честитката на монашкото братство на Свештената бигорска Обител, предводено од владиката Партениј.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
