Финансиската полиција со кривична пријава против едно лице до ОЈО Радовиш за несовесно работење во службата

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднела кривична пријава против едно лице, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Несовесно работење во службата” казниво по член 353-в, ст. 1 и ст. 4 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
Како што денеска сооптштија од Управата за финансиска полиција, пријавениот во својство на раководно службено лице во Општина Радовиш, на крајот на 2023 година, наместо поради неизвршување на работите по склучен договор за изведба на фекална канализација да ја активира банкарската гаранција на правното лице- изведувач за квалитетно и навремено извршување на работите, тој постапил спротивно на законот со што оштетил Буџетот на Општина Радовиш во износ од 107.994 денари.
- Со непреземање на соодветни дејствија согласно Законот, му овозможил на правното лице изведувач да се стекне со корист во износ од 2.051.023 денари. Притоа, истиот овозможил истото правно лице да склучи нов договор со Општина Радовиш за изведба на фекална канализација која што обврска ова правно лице не ја извршило согласно претходно склучениот договор, се појаснува во соопштението.
Ново на Сител
-

Собранието ја избра Мери Дика Георгиевска за уставен судија
-

Деветгодишно дете тешко повредено во судир со автомобил додека возело електричен тротинет
-

Им ветил заработка од криптовалути, двајца скопјани измамени за 2,3 милиони денари
-

Герасимовски: Центар со финансиска помош за штетите од невремето, објавен јавен повик
-

Годинава ќе заврши подготовката за експресниот пат Кочани – Виница – Делчево
-

Мицкоски: Со ребаланост во буџетот ќе ги исплатиме наследените долгови во земјоделството
-

Уште 300 специјализанти ќе се вработат во болниците надвор од Скопје
-

Иран инсистира да има целосна контрола над Ормуска Теснина
