Македонија
17. October 2024 - 12:01

Голема полициска акција во Тетово и Охрид - Се вршат претреси

Во тек е голема полициска акција во Тетово и Охрид. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени.

Информацијата претпладнево ја објави Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), под чие раководство е акцијата.

 Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот“, информираат од Обвинителството.

Голема полициска акција пред два дена се случи и во Струмичко-гевгелискиот регион. Уапсени беа 14 цариници, еден пензиониран цариник и еден полициски службеник, обвинети дека во последната година и половина примале поткуп за да не ги извршуваат претресите на увезената стока во државата.