Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС, што е уште една потврда на мојата одлука околу понатамошното членство во ЗЕЛС. Очигледна е војната против струмичани и Струмица, а се уште нема причини зошто е одбиен проектот од унгарскиот кредит и зошто Институтот за јавно здравје не ги објавува резултатите за водата. Некој свесно ја мати водата за политички поени, реагираше градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов попладнево на својот фејсбук профил за повиците да ја преиспита одлуката за понатамошното учество на Општина Струмица во ЗЕЛС.
Како што напиша, во моментов за него е неважно кој и што кажал од ЗЕЛС и од владините институции, бидејќи многу поважни се следните приоритети што се, пред се, во интерес на граѓаните на Општина Струмица.
- Тие се седнување на маса на експерти од МЗШВ и АД „Водостопанство“ и да си го решат проблемот, Институтот за јавно здравје јавно да ги објави резултатите од водата, решавање и расчистување на ситуацијата со унгарскиот кредит земен на грбот на граѓаните и консолидација и разгледување на можноста за повторно седнување на маса во ЗЕЛС, се наведува во објавата на Костадинов.
Додава дека не може питка вода и пари за граѓаните да бидат помалку приоритетни од членството во ЗЕЛС, зашто ниту ЗЕЛС од првиот до последниот, ниту одредени министри од влада ќе го разубедат да застане против интересот на струмичани.
Ново на Сител
-

Пронајдена марихуана при претрес во дом во Гостивар
-

Зголемена фреквенција на возила и поголем застој за влез во државата на граничните премини со Грција
-

Сончево и топло и следната седмица, поизразена локална нестабилност во среда и четврток
-

Пронајдена исчезнатата Бугарка на Шар Планина
-

Затвореник од Идризово загина откако се качил на бандера и фатил жица под напон
-

Запален автомобил кај Мавровка
-

Ангелов: Најкомплексен е пожарот кон НП „Пелистер“, нема повредени пожарникари
-

Македонскиот кугларски репрезентативец Стоклас постави Гинисов рекорд
