Фудбал
27. October 2024 - 9:16

Флик издвои еден играч по победата над Реал

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го истакна придонесот на дефанзивецот Иниго Мартинез во победата над Реал Мадрид.

Каталонците синоќа во 11. коло од Шпанското фудбалско првенство славеа победа со убедливи 4:0 на гостински терен.

-Одбраната беше навистина добра против Реал Мадрид, како и остатокот од тимот, но не заборавајте еден играч... Тој играч е Иниго Мартинез. Повторно беше одличен, изјави Флик за „AS“.

Барселона со 30 бода се зацврсти на лидерската позиција во шпанското фудбалско првенство. Реал Мадрид е на второто место со 24 бодови.