Поради ограничувањето на руските медиуми, Русија го казни Google со 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000$

Руски суд го казни Гугл со огромен износ – 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000, или 20 децилиони долари, поради ограничување на каналите на руските државни медиуми на Јутјуб. Тоа значи дека на технолошкиот џин му е одредена казна поголема од светскиот бруто домашен производ.
И покрај тоа што е една од најбогатите компании во светот, тоа е значително повеќе од 2 билиони долари, колку што вреди Гугл на пазарот. Всушност, сумата е значително поголема и вкупниот светски БДП, кој Меѓународниот монетарен фонд го проценува на 110 билиони долари.
Казната е толку голема бидејќи, како што објави руската новинска агенција ТАСС, се удвојува со секој ден неплаќање. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков призна дека „не може ни да ја изговори сумата“, но го повика Гугл „да обрати внимание“.
Компанијата не ја коментираше јавно казната ниту одговорила на барањето на Би-би-си за коментар. Рускиот медиум РБЦ известува дека казната на Гугл се однесува на ограничувањето на содржината на 17 руски медиумски канали на Јутјуб.
Иако ограничувањето почна во 2020, ескалираше по почетокот на конфликтот во Украина две години подоцна. Руските медиуми се забранети и во Европската Унија, што предизвика возвратни мерки на Русија.
Во мај 2021 рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор го обвини Гугл за ограничување на пристапот до руските медиуми на Јутјуб.
Потоа во јули 2022 Русија го казни Гугл со 21,1 милијарди рубли (217 милиони американски долари) поради тоа што не го ограничил пристапот до содржините забранети од страна на руските власти.
Ново на Сител
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
-

Истражување: Повеќето граѓани на ЕУ не ги сметаат САД за доверлив партнер
-

„Тесла“ повлекува повеќе од 200.000 возила во САД
