Loading Video...
Свет
1. November 2024 - 16:31

Преглед на вести од светот

Најмалку 8  лица загина при уривањето на дел од настрешницата на главниот влез  на железничката станицата во  српскиот град Нови САД.  Во моментот  на падот на бетоската настрешница голем број луѓе седеле на клупите под, при што повредени се уште 30 лица. Багери ги расчистуваат урнатините а  полицијата ги блокира сите приоди кон станицата. Денеска е еден од најтешките денови во повоената историја на Нови САД д и трагедија за цела Србија изјави  српскиот премиер  Вучевик од местото на несреката.. Наведе дека, без разлика што се работи за настрешница  стара  60 години, ќе инсистираат да се најдат одговорните за несреќата и оние кои, како што нагласи, морале да се грижат за состојбата на објектот. Несреќата се случи претпладнево, околу 11:50 часот,

 

Бројот на загинати во поплавите во југоситочна Шпанија надмина 200.  Властите  соопштија дека потрагата за изнаогање на изчезнати лица продолжува но не открија по уште колкумина се трага. Во потрагата од утрово се вклучија  уште 500  шпански војници.  . Во  меѓувреме илјадници волонтери пристигнаа во најтешко погодениот регион Валенсија да помогнат во расчистување на хаосот.  Жителите велат- Секој помош е добредојдена. Штетите се огромни.   Според метеоролошките извешати тешко погодениот регион  Валенсија го очекуваат нови врнежи во текот на денот и утре а од недела се очекува подобрување на временски услови.  Локланите власти ги  предупредупредија грагаите да бидат внимателни  бидејќи најавените  врнежи можат да донесат нови поплави.