Ѓорѓиев: Дијалог постои, нова средба со историчарите кон крај на година
Започнатите разговори за претставувањето на Охридската ариепископија најверојтно ќе биде една од темите на кои историчарите од мешовитата комисија ќе дебатираат на средбата во Софија. Кон крајот на годината историчарите повторно ќе ги судрат своите ставови. Претседателот Ѓорѓиев за Сител вели дека дијалог имало, а дневниот ред се уште го утврдувале.
Детали како течат разговорите не откриваат, но велат дека политиката не треба да се меша во работата на комисијата. Ќе инсистирале одлуките да се носат на основа на научни докази.
Од бугарска страна пак по неодамнешната средба во Скопје изјавија дека не гледаат промена кај новиот состав на македонската комисија. По петмесечна пауза првата средба во нов состав заврши без заклучоци. Покрај разговорите околу претставувањето на Охридската архиепископија во 11 век, а станало збор и за препораките за македонските учебници за VII одделение.
-
Ивана Соколовиќ Најдовс
Сите содржини од овој новинар