Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина

Европа ќе мора да ја преиспита својата поддршка за Украина доколку Доналд Трамп биде избран за претседател на САД, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Според Орбан, Европа „нема да може сама да го носи товарот на војната“.
Орбан се противи на воената помош за Украина и јасно стави до знаење дека Трамп ги споделува неговите ставови и дека ќе преговара за мирно решение на конфликтот во Украина доколку биде реизбран за претседател на САД.
Унгарскиот лидер го поддржува американскиот републикански претседателски кандидат Трамп на претстојните избори во САД во вторник, на кои поранешниот претседател ќе се соочи со кандидатот на Демократската партија и американска потпретседателка Камала Харис.
- Ние (во Европа) мора да сфатиме дека ако во Америка се избере претседател кој е за мир,... ако се случи она што го очекуваме и Америка се декларира за мир, тогаш Европа не може да продолжи да ја поддржува војната, рече Орбан.
Украина ќе биде едно од главните прашања на агендата на европските лидери во Будимпешта оваа недела, рече унгарскиот премиер, мислејќи на состанокот на европската политичка заедница и неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.
- Европа не може сама да го поднесе товарот (на војната) и ако Американците прогласат мир, тогаш ќе мораме да се прилагодиме и токму за тоа ќе разговараме во Будимпешта, објасни Виктор Орбан.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во јули изјави дека унгарската влада гледа на Трамп како „шанса за мир“ во Украина.
Во четвртокот, Виктор Орбан имаше телефонски разговор со Доналд Трамп за да му посака успех на изборите.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
