Сочувство од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан до Патријархот Српски г.г. Порфириј за настраданите во Нови Сад
Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан изрази сочувство до српскиот патријарх г.г. Порфириј и до семејствата на настраданите во несреќата во Нови Сад.
- Со голема тага ја примивме жалната вест за несреќата што се случи на 01.11.2024 г. на железничката станица во Нови Сад, каде што по ненадејното рушење на натстрешницата животот трагично го загубија 14 лица, меѓу кои и македонски државјанин, а уште неколкумина беа повредени. Во овие траорни моменти за Вас и за цела Србија, дозволете ми од Свое име, од името на сета полнота на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и од братскиот македонски народ, да го изразам нашето длабоко сочувство до Вас и до семејствата на трагично постраданите, како и нашето искрено сострадување со сиот српскиот народ.
Споделувајќи ја со Вашата Светост болката од немилиот настан, заедно со Вас Го молам Семилостивиот Бог, на упокоените Свои чеда да им го дарува Царството Небесно, на нивните роднини и пријатели да им испрати небесна утеха, а на повредените да им дарува поскоро закрепнување, наведува Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан во пораката до поглаварот на СПЦ г.г. Порфириј и семствата на настраданите.
Ново на Сител
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025
-
Доналд Трамп денеска полага заклетва како 47. претседател на САД
-
Шест загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица во Белград
-
Во Хрватска масовни повици за бојкот- Не купувајте ништо в петок на 24 јануари
-
Утрото студено, преку ден до 11 степени
-
Магла на неколку патни правци низ државата
-
Лазаров: Целта е исполнета, одиме добро да се подготвиме за средбите во Главната рунда
-
Опожарен бутик, нема повредени, зафатени фасадата од зградата, стан и две возила