Балкан
5. November 2024 - 12:31

Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, денеска поднесе оставка од функцијата поради несреќата на Железничката станица во Нови Сад во која загинаа 14 лица, пренесе Бета.

Весиќ синоќа најави дека ќе го стори тоа, а денеска поднесе оставка до Владата на Србија, напиша самиот на социјалната мрежа (Х).

Во оставката тој одаде дека ја напушта функцијата со чиста совест и е горд на резултатите кои остануваат зад него.