Избори во САД: Трамп во водство
Американците избираат претседател по 60-ти пат во историјата, а целиот свет го чека исходот кој ќе влијае на голем број глобални конфликти и кризи.
Во исто време се избира и нов состав на Конгресот и третина од Сенатот.
Резултатите главно се во согласност со очекувањата. Трамп ја задржа контролата врз традиционално републиканските држави, додека Харис ги освои демократските упоришта.
Трамп, кој според проекциите на Си-Ен-Ен досега освои 246 електорски гласови, победи во Мисури, Оклахома, Алабама, Флорида, Тенеси, Западна Вирџинија, Индијана, Кентаки, Јужна Каролина, Арканзас, Тексас, Вајоминг, Јужна Дакота, Северна Дакота, Мисисипи, Луизијана, Охајо, Канзас, Монтана, Јута, Ајова, Небраска, Ајдахо, Џорџија и Северна Каролина.
Харис, која досега има 182 електорски гласови, победи во Масачусетс, Мериленд, Вашингтон ДЦ, Вермонт, Делавер, Роуд Ајленд, Илиноис, Њујорк, Колорадо, Калифорнија, Орегон, Вашингтон, Конектикат, Вирџинија и Хаваи.
Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.
Асошиејтед прес беше меѓу првите што ја објави победата на Трамп во Северна Каролина. Како што објаснија, Трамп во моментот на објавувањето водел со повеќе од 130.000 гласови, а речиси 90 отсто од гласовите беа преброени.
„Во споредба со изборите во 2020 година, одѕивот на гласачите се зголеми во многу области што ги освои тогаш Трамп, а се намали во многу области во кои победија демократите“, објасни АП. Трамп и пред четири години славеше во Северна Каролина.
Според податоците на Би-Би-Си, Трамп моментално води во сите седум колебливи држави. Во Аризона, разликата меѓу него и Харис е многу мала, 49,8 отсто наспроти 49,4 проценти. Првата колеблива држава, Северна Каролина, ја освои Трамп.
Ново на Сител
-

Украина и Русија разменија по 193 воени заробеници
-

Хегсет: Операцијата „Епски бес“ е подарок за целиот свет
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
-

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот
