Седница на Судски совет, на дневен ред избор на судии и претседатели на судови
Судскиот совет денеска треба да избере судии на Апелационен суд Гостивар и Апелационен суд Штип, како и претседатели на Виш управен суд, Основен суд Велес и Основен суд Струга.
На денешната, 504. Седница што треба да започне во 10 часот во просториите на Судски совет, Советот треба да одлучува и за дoполнение и измена на Комисија за вонредно оценување на кандидати по објавен оглас за избор на претседател на суд и допонение и измена на Комисии за увид и оценка на судии - кандидати по објавени огласи.
Разгледување и одлучување по донесена одлука на Општа седница на Врховниот суд на РСМ, во врска со времено упатување на судија за вршење на судиска функција во друг суд и разгледување и одлучување по поднесени барања за времено упатување на судии за вршење на судиска функција во друг суд, е, исто така, на дневниот ред.
Советот денеска треба да донесе одлуки за престанок на судија поротник на Основен кривичен суд Скопје и за избор на судии поротници на Основен суд Куманово.
Членовите, воедно, треба да одлучуваат по известувања на Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, да расправаат по извештаи за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд како и да формираат комисија на известители по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
