Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп

Меѓу членовите на Демократската партија има незадоволство и преиспитување откако американската потпретседателка Камала Харис доживеа шокантен изборен пораз, пренесоа американските медиуми.
Харис се сметаше за аутсајдер на нејзиниот републикански ривал Доналд Трамп, откако влезе во трката само три месеци пред изборите, но природата на нејзиниот пораз доведе до тоа некои демократи да покренат прашања за иднината на партијата, јавија американските медиуми.
Најжестоките критики беа упатени кон врвот на партијата, со обвинувања дека демократските поддржувачи се хранат со невистини за менталното здравје на претседателот Џозеф Бајден, се додека катастрофалниот ТВ-дуел со Трамп во јуни не го вклучи алармот и на крајот доведе до откажување на претседателот од кандидатурата.
Сепак, најавата на Бајден во април 2023 година, кога потврди дека ќе се кандидира за втор мандат, беше дочекана со скептицизам од многу демократи, но скептиците брзо се согласија да се приклучат на неговата кампања како советници, наместо да му се спротивстават.
„На партијата и е потребно целосно рестартирање. Го лажеа американскиот народ за здравјето и когнитивните способности на претседателот“, рече менаџерот на хеџ фондот Бил Акман, долгогодишен донатор на демократите кој го поддржа Трамп во 2024 година.
Камала Харис ќе даде изјава денеска во 16:00 часот (21:00 GMT), соопшти Белата куќа, нејзин прв одговор на изборниот пораз од Доналд Трамп. Харис, која ќе зборува на Универзитетот Хауард во Вашингтон, беше убедливо победена од Трамп и покрај повеќето анкети кои укажуваат на тесна трка.
Ново на Сител
-

Трамп не се противи рускиот танкер да достави 730.000 барели нафта на Куба и покрај блокадата
-

Убиство во Росоман, син си ја заклал мајката
-

Најстудено на Попова Шапка и 59 сантиметри снег
-

Трамп изјави дека сака да ја „земе“ иранската нафта
-

Без вода објектот на „ЕГТ“
-

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром по продолжение до победа над Работнички
-

Санкциониран возач, се движел со брзина од 178 километри на час
-

Почнува судењето за Стојанче Јовановски, обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана и ќерката Катја
