Хуманитарна акција во американската амбасада во сеќавање на загинатите од терористичкиот напад во 2001-та
Во сеќавање на најголемите терористички напади во САД, на 11. септември 2001-та, кога животот го изгубија скоро 3.000 лица, денеска во американската амбасада традиционало се организираше крводарителска хуманитарна акција.
Во амбасадата на САД во Македонија, освен граѓаните, крв донираа и амбасадори и функционери. Меѓу нив и вицеремиерот Изет Меџити.
Хуманитарна акција, која во Македонија се организира по 16-ти пат, испраќа порака да се негува солидарноста.
На 11 септември 2001-та година, сите очи во светот беа вперени кон САД. Терористите на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони и ги урнаа во кулите близначки во Њујорк, Пентагон и во едно поле во Пенсилванија. Исходот од овој напад беа загинати 2.977 лица. По катастрофата, се промени надворешната политика на САД, како и практиките за домашната безбедност.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар