Loading Video...
Свет
7. November 2024 - 16:37

Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп

Победата на Трамп го презема фокусот на состанокот на Европската политичка заедница. Унгарскиот премиер Орбан денеска е домаќин на европските челници, првиот човек на НАТО и  47 европски лидери. Здружени сме посилни, а  Европа мора да се прилагоди на новата реалност е пораката со која Орбан го отвори денешниот состанок.   

- На денешните сесии ќе разговараме за безбедносните предизвици на Европа денес, ќе разговараме како можеме да го вратиме повторно мирот, како може Европа да биде поубедлива во заштита на свои интереси, како остане важен играч и да ја обликува својата судбина. Овие прашања станаа особено актуелни по претседателските избори во САД кои штотуку се одржаа. Иднината на нашите трансатлантски односи е незаменлива компонента на европската безбедносна архитектура. Одговорите дадени сега би можеле да ја одлучат иднината на Европа со децении. Ние верувајте дека заедно можеме да бидеме посилни отколку сами“, рече Орбан.

На состаноците присуствува и македонскиот премиер кој ќе се обрати на сесијата посветена на економската сигурност и меѓусебно поврзување. 

Иако седат на иста маса со бугарскиот претседател Радев, барем засега не е планирана нивна средба.

Европската политичка заедница беше формирана пред 2 години на иницијатива на Макрон како платформа која треба да го зајакне дијалогот и соработката помеѓу европските држави, иако оваа иницијатива на Макрон првично беше сфатена како замена за проширувањето на ЕУ.