Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борељ во име на Европската унија и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во име на Северна Македонија, денеска потпишаа нова политичка рамка за дијалог и соработка во областа на безбедноста и одбраната.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека неоправданата и неиспровоцирана војна на агресија на Русија против Украина ја истакна суштинската потреба за единство и солидарност во самата Европската унија, така и меѓу нејзините најблиски партнери, што дополнително ја нагласи важноста на зајакнатото партнерство за безбедност и одбрана меѓу Европската унија и Северна Македонија.
-Северна Македонија е важен и вреден партнер за Европската унија во областа на мирот, безбедноста и одбраната, како и активен учесник во својство на трета земја во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската унија (ЗБОП), велат од Министерството.
Оттаму потенцираат дека потпишувањето на Партнерството за безбедност и одбрана е одраз на одличната и континуираната соработка меѓу Европска унија и Северна Македонија и е клучен чекор кон потесна соработка за широк спектар безбедносни прашања, а во полза на граѓаните на Европската унија и Северна Македонија, претставувајќи исто така и важен елемент на напорите на нашата држава за интеграција во Европската унија.
Новиот инструмент, меѓу останатите области, ги опфаќа областите на соработка за управување со кризи, поддршка за Украина, спречување на хибридни закани, сајбер прашања, градење капацитети и обуки, борба против тероризам и надворешни аспекти на интегрираното управување со границите.
-Областите утврдени во Партнерството за безбедност и одбрана редовно ќе се разгледуваат, при што ќе се прави преглед на напредокот и ќе се даде поттик за натамошно јакнење на соработката, се вели во соопштението на Министерството.
Ново на Сител
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година