И кажале дека има биткоини вредни 900.000 ден. но мора да има пари на сметка, измама во Куманово

Уште една измама, втор случај за една недела во Куманово со биткоини, евидентира кумановската полиција. Педесет и деветгодишна кумановка пријавила дека била измамена од лице за сума од 88.338 денари, информираше денеска СВР Куманово.
Таа вчера го пријавила случајот во СВР Куманово, а претходно зела брз кредит за да ја добие ветената сума од наводната добивка од биткоините.
- Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите. Како што е пријавено, за да може да и ги префрли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоините, соопшти полицијата.
СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.
Претходно, на 15 ноември, четириесет и петгодишен маж од Куманово пријави дека бил измамен за сума од 200.000 денари, измамникот го информирал дека има 14.500 долари од сметката на биткоини. И тој, како што тогаш соопшти полицијата, зел брз кредит за да ги уплати парите. И нему му се претставило лицето дека е од „агенција за биткоини“, и му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари по што му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства. Како што беше пријавено, за да може да му ги префрли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавувачот подигнал брз кредит парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
