Бојкот на наставата ООУ „Лазо Ангеловски додека не се најде решение за проблематичниот третоодделенец
Повеќе од 1.500 ученици денеска не се појавија на настава во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, по одлуката на Советот на родители за бојкот додека не се реши проблемот со насилниот третоодделенец.
„Одлуката за бојкот е последниот обид да дојдеме до взаемно прифатливо решение за нормално продолжување на воспитно образовниот процес на сите деца. Да не заборавиме дека со овој проблем училиштето се соочува веќе три години и сите механизми на локалните служби, вклучувајќи ги службите на училиштето и општината се веќе одамна исцрпени и затоа се обративме до инспекторатот кој по извршените надзори донесе одлука за промена на средината на детето, таа одлука сеуште не е имплементирана.
Ние како совет, заедно со службите на училиштето и сите чинители на образовниот процес, вклучувајќи ги и родителите на сите 1474 деца цел овој период се обидувавме да најдеме начин да го задржиме ученикот меѓутоа, одделението кое броеше 30ина деца, сега е со 13 ученици. Зарем тоа не доволен показател дека на проблемот треба да му се пристапи на друг начин?“, вели претставник на Советот на родители.
Денеска во 11 часот закажана е средба во МОН со претставници од Општина Аеродром, на која треба да се најде решение.
Ново на Сител
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар
-
До петок студено со повремени врнежи од снег, викендот пораст на дневните температури
-
Приведени двајца прилепчани осомничени за кражба на предмети и товарни возила