Граѓаните на Србија се повикани да застанат 15 минути и да им оддадат почит на жртвите во Нови Сад

Граѓаните на Србија повикани се денеска во 11 часот и 52 минути да застанат 15 минути за да им оддадат почит на загинатите од падот на настрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.
Студентите кои блокираат неколку белградски факултети барајќи одговорност за смртта на 15 лица и тешките повреди на двајца, најавија во 11:52 неколкублокади на сообраќајници, јави Бета. Поддршка имаат и од членовите на Нова демократска партија на Србија.
Претставникот на иницијативата „Мостот останува“, Ѓорѓе Микетиќ најави дека пред РТС, граѓаните на Белград ќе им оддадат почит на жртвите во Нови Сад и ќе укажат на, како што рече, молкот на јавниот медиумски сервис, од кои бараат барем симболично да се прекине програмата во 11:52 часот.
Студентите на Електротехничкиот факултет (ЕТФ) во Белград, во знак на солидарност со колегите од другите факултети и граѓаните изложени на репресија, почнуваат од денеска со целосна блокада.
Тие најавија дека секој ден во 11:52 часот ќе организираат 15-минутна блокада пред тој факултет, почнувајќи од сабота на 7 декември, додека денеска ќе биде блокирана крстосница во Белград.
Во Белград, студентите блокираа неколку факултети како и Ректорската управа на Универзитетот, барајќи да се објави целата документација за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад и да одговараат сите оние кои ги репресираа студентите и професорите на претходните собири.
Зелениот и левиот фронт (ЗЛФ) ги повика граѓаните на Србија да застанат 15 минути во спомен на загинатите во Нови Сад.
„Блокирајте ја раскрсницата, излезете од автомобилот, пред институциите, каде и да сте! Нема да се откажеме додека вие кои сте одговорни за ова злосторство не одговарате“, се вели во објавата на Фејсбук.
Новосадските опозициски партии најавија дека специјално собирно место ќе биде во близина на Собранието на Војводина.
Претставниците на опозицијата во Ниш најавија дека граѓаните повторно ќе застанат 15 минути за да им оддадат почит на загинатите и да испратат порака за солидарност до семејствата на загинатите. Собир и почит оддадоа и во претходните два петока, јави Бета.
Ново на Сител
-

Цените на дизелот и бензинот рушат рекорди во ЕУ: Највисоки во последните 20 години
-

Ѓорѓиевски: Мега парк од 50.000 м² во Бутел - трајно решение во борбата со депониите
-

Почна Октоберфест - фестивалот на пивото во Минхен
-

Сопствениците на дизел-возила во Унгарија ќе добиваат парична помош од државата поради високите цени
-

НАТО го поздрави договорот меѓу САД, Данска и Гренланд
-

Трамп им забрани пристап во Белата куќа на новинари од CNN, MS NOW и Politico
-

Обвинение против шест лица за фалсификуваните возачки дозволи, тројца се' уште се во бегство
-

Пронајдено и казнето лицето кое од мотокултиватор фрлаше двосед и врати на јавно место во Шуто Оризари
