Атина: Бегалците ќе го напуштат Идомени за една до две недели

Бегалците кои сега се наоѓаат на преминот Идомени на грчката страна од границата кон Македонија, доброволно ќе го напушта ова место за една до две недели и ќе бидат преместени во некој од организираните прифатни центри, изјави синоќа портпаролот на грчкото Координативно тело за справување со бегалската криза, Јоргос Кирицис.
Како што јави АНА-МПА, Кирицис нагласи дека полицијата нема насила да ги отстранува бегалците, туку дека ќе ги информира за затворањето на балканската багалска рута и дека не ќе може да заминат на север, за што ќе биде потребно извесно време.
- Веруваме дека Идомени ќе биде испразнет за една до две недели, рече Кирицис.
Тој потенцира дека во Идомени се наоѓаат околу 12.000 луѓе, од кои половината жени и деца, кои престојуваат кал.
- Ќе ги охрабриме да велзат во автобусите што ќе ги пренесат на места каде има подобри услови за живот, рече портпаролот на грчкото Координативно тело за справување со бегалската криза,
Кирицис нагалси дека дислокацијата на бегалците ќе биде поврзана и со договорот што ЕУ ќе го постигне со Турција околку реадмисијата на имигрантите кои сега се наоѓаат на грчка територија.
Грчките власти синиоќа соопштија дека депортирале 81 економски имигрант од Пакистан и држави од северна Африка во Туцрија, од каде тие илегално влегле во Грција.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
-

„Safe City“ ги снимил: Донеле четирицикл со шлеп-служба и глумеле сообраќајка за пари од осигурување
-

Мицкоски: Она што го прави Левица за Изборниот законик е театар за нивниот мал број гласачи
-

Мицкоски: Се следи состојбата со цените на горивата, мерките остануваат на располагање
-

Украински дронови погодиле уште 12 руски танкери во Азовско Море
