Макрон ќе биде домаќин на партиските лидери во потрага по нова влада

Лидерите на француските партии ќе се соберат во канцеларијата на претседателот Емануел Макрон во Елисејската палата попладнево во обид да ја трасираат патеката кон новата влада, неколку дена откако премиерот Мишел Барние беше соборен со гласање за доверба, јавија француските медиуми.
„Целта е да се продолжи со договор за методите за изградба на нова влада врз нестабилните темели на обесениот парламент“, рекоа синоќа луѓе блиски до Макрон во изјава за париски медиуми.
Нејасно е како лидерите би можеле да изградат поширока база на поддршка за која било нова влада. Повеќето не се подготвени да прават компромиси за прашањата како што е непопуларната пензиска реформа од минатата година, или да го нарушат својот имиџ кај гласачите со компромиси пред потенцијалните нови избори следната година.
Соединувањето на толку многу партии околу една маса означи напредок од првиот обид на Макрон да постигне консензус по предвремените избори во јули, напиша коментаторот Гијом Табард во конзервативниот дневен весник „Фигаро“.
„Но, ако се најде дури и минимален договор, почнувајќи од републиканците до комунистите, тоа ќе бара огромен труд на преговори што ќе потрае денови или недели, додаде тој.
Ново на Сител
-

Стефан Мелник освои сребрен медал на Светското првенство за слабовиди и слепи шахисти
-

ОЈО ГОКК ја затвори истрагата за снабдувањето со мазут за ТЕЦ Неготино, нема основано сомнение за кривични дела во предметот
-

Почнува јубилејниот 70. Евросонг
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
-

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори
-

Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел
-

Мицкоски: Има кус пат до ЕУ, но со понижувачки предизвици, ние го избираме потешкиот, со кој местото ќе го заслужиме со квалитет и резултати
-

22-годишник се претставил како друго лице за да избегне сообраќајна казна
