Кривична пријава против три физички и две правни лица, го оштетиле државниот буџет за 5,768,612 денари
Управата за финансиска полиција до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички и две правни лица поради основано сомнение за сторени кривични дела: даночна измама, даночно затајување, соизвршителство и помагање. Овие лица го оштетиле државниот Буџет за 5 768 612 денари.
Првопријавениот З.А. во својство на управител на второпријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје во април и мај 2023 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист, изготвил фактури со невистинита содржина во вкупен износ од 31.599.220 денари, со вкалкулиран износ на ДДВ по пресметковна стапка од 18% во износ од 4.820.220 денари, за наводно извршена набавка на стоки и услуги од правниот субјект Друштво за трговија и услуги ИНО КОМ ДООЕЛ Скопје, сметководствено ги евидентирал и ги искажал во задолжителни пријави за ДДВ со што искажал повисок износ на влезно ДДВ, на кој начин спротивно на член чл.33 и чл.34 од Законот за ДДВ со овие фактури со невистинита содржина противправно ја намалил даночната обврска на второпријавениот правен субјект Тритерол Петрол ДООЕЛ Скопје по основ на ДДВ за 04-ти и 05-ти месец 2023 година во вкупен износ од 4.820.220 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на РСМ.
Исто така, во текот на 05-ти и 06-ти месец 2023 година со цел да се стекнат со противправна имотна корист, првопријавениот З.А за дел од испоставените фактури со невистинита содржина префрлил парични средства во износ од 9.483.925 денари на банкарската сметка на друг правен субјект со сличен назив, петопријавениот - ИНО КОМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, кој што наменски е основан од страна на четвртопријавениот Д.Д во својство на сопственик и управител, а ги подигнал во готово третопријавениот Р.Ѓ во својство на потписник на банкарската сметка на ИНО КОМ ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Скопје, ги присвоиле и не доставиле документација за нивна економска оправданост, со што не пресметале, не пријавиле и не платиле данок на личен доход во износ од 948.392 денари за кој износ го оштетиле Буџетот на РСМ.
- Со вака преземените дејства пријавените ги сториле кривичните дела Даночна измама по член 279-а ст.2 во врска со ст.1, Даночно затајување по член 279 ст.2 во врска со ст.1, Соизвршителство по чл.22 и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ, и со тоа противправно ја намалиле обврската за данок на додадена вредност во износ од 4.820.220 денари, не пресметале, не пријавиле и не уплатиле данок на личен доход во износ од 948.392 денари, односно за вкупен износ од 5.768.612 денари го оштетиле Буџетот на РСМ, информира Управата за финансиска полиција.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец