ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
Од Министерството за здравство попладнево информираат дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат, согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во врска со случајот со починатото седуммесечно бебе на Детската клиника во Скопје.
- Во врска со случајот со починатото седуммесечно бебе, донесено синоќа на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека било примено под сомнение за сериозен синдром со прогресивен тек, што предизвикал оштетување на повеќе органи, за жал состојбата на бебето се влошила и покрај максималните напори на медицинскиот персонал, по што настапило рапидно влошување на состојбата. Се очекува да биде извршена обдукција, по што ќе бидат точно утврдени причините за смртта, појаснуваат од Министерството преку соопштение до јавноста.
Министерството за здравство изразува сочувство до семејството и најблиските за загубата.
Претходно, директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди во изјава за МИА појасни дека бебето било со генетски проблем и имало оштетени повеќе органи.
Според Мемеди, биле запазени сите процедури и третмани и нема лекарска грешка. Тој вели дека се работи за неоснован притисок врз Клиниката и здравствениот персонал во оваа институција.
Телото на бебето било пратено на обдукција на Патологија.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени