Цените на станбениот квадрат уриваат рекорди, колку се реални?
Вртоглав скок на станбениот квадрат, објави Народната банка. Последниот квартал лани цените бележат пораст над 10 отсто, а за 14 години поскапеле за скоро 60%, од кои од последните 4 години растот е интензивен. Најскап квадрат се плаќа во главниот град. Во просек лани чинел скоро 1,700 евра, но во Центар и Карпош се плаќало и по 2,000 евра. Најевтино е купувањето недвижност во Чаир и Петровец – нешто над 1,000 евра. Од Агенциите за недвижнини ваквите цени ги оценија како нереални. Прашуваат - колку треба да заработат граѓаните, за да си дозволат сопствен дом?
-Во Европа цените растат од 3 до 6% годишно. Во некои земји нема ни покачување. Кај нас скокнале за 59%. За каква економиа ние збориме? По мене мислам дека цените го доостигнаа плафонот и нема место, нема простор да одат нагоре. Дали вакви уцени заслужува пазарот? Апсолутно не. Мора народот, младите, старите, да си дозволат да купат свој дом, а со вакви цени, на вакви плати, не можат ни кредит да земат, изјави Слободан Митровски, агенција за недвижнини.
Цените варивааат и во иста општина. Проблемот за високите цени, агенциите го лоцираат во недостигот на локации за градба, но и апетититие на инвестоторите,
-Во моментов во Центар може да најдете квадрат за 2,100 евра, но и за 2,800 евра за квадрат. Тие 600, 700 евра разлика се премногу. Аргументите за високите цени порано беа високите цени на материјалите за гардба.Сега веќе тоа не држи. Мислам дека, покрај локациите и апетите на инвестоторите играат услога за расатот на цените, додава Митровски.
Од Владата најавија дека оваа година ќе се обидат да ги намалат цените, односно ќе ги притиснат градежниците да ја спуштат цената. Директен конкурент на приватните инвестотори ќе им биде Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, кој интензивно ќе гради и продава со цени пониски од 30 до 40 отсто.
Инаку најголем скок на цената е регистриран во ек на пендемијата. Само во третиот квартал од 2022та квадрат поскапел за над 22%.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар