Протести по улиците на Братислава и другите словачки градови: „Словачка не е Русија“

Илјадници луѓе излегоа синоќа на улиците на Братислава и другите градови низ Словачка за да го покажат своето противење на приближувањето на словачката Влада кон Москва и покрај руската инвазија на Украина.
Словачкиот премиер Роберт Фицо, националист и еден од ретките сојузници на Кремљ во Европската унија, ги зајакнува врските со Москва и ја суспендираше сета воена помош за Украина откако се врати на власт во октомври 2023 година, наведуваат француските медиуми.
Тој неодамна ја посети руската престолнина за да се сретне со претседателот Владимир Путин по одлуката на Украина да го прекине транзитот на руски гас преку нејзината територија, што ја снабдува Европа преку Словачка.
„Ова е Европа!“, „Ајде да се срамиме од Фицо!“, „Нема да ја дадеме Словачка“, скандираа илјадници демонстранти на централниот плоштад во Братислава.
Владислав Кмец, 49-годишен учител, изјави дека е загрижен за иднината на Словачка. „Ова не оди добро. Идеално би било оваа влада да биде соборена и да се одржат предвремени избори“, рече тој.
„Свртувањето кон исток е голем чекор наназад“, рече Даниела Краликова, исто така демонстрантка. „Насоката во која оди нашата земја е неприфатлива. . .
Јас сум некој кој верува во напредок и не се согласувам да се враќам во минатото“, додаде оваа 26-годишна жена која организира конференции.
Движењето наречено „Мир за Украина“ на Фејсбук напиша дека организира протести на тема „Словачка е Европа“ со цел да покаже дека земјата „не е Русија, туку е демократска и суверена држава“.
Локалните медиуми јавија за протести во десетина словачки градови.
Коорганизаторката на протестите Луција Стаселова рече дека владата на Фицо „ја вовлекува Словачка во руската зона на влијание и се обидува да ги прекине врските со нашите сојузници, претпочитајќи добри односи со Русија“.
Фицо вчера во словачкиот Парламент рече дека рускиот претседател Владимир Путин му ветил руски гас за Словачка.
Европа продолжува да прима руски гас преку гасоводот Турски тек, како и течен гас што се транспортира по морски пат.
Фицо и се закани на Украина, по затворањето на гасоводот што минува низ нејзина територија, дека за возврат ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија на оваа земја која е во војна и чија енергетска инфраструктура е цел на руски бомбардирања, како и хуманитарна помош.
Тој, исто така, се закани дека ќе ја прекине помошта за украинските воени бегалци на територијата на Словачка.
Ново на Сител
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
-

Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши
-

Во голема акција на Европол и црногорската полиција уапсени 12 членови на балкански картел
-

Бројот на убиени по пукањето во училиште во Турција се искачи на девет лица, од кои осум се деца | ВИДЕО
-

Турција: Осмоодделенец, син на полицаец, со оружје од татко му во училиште уби четири лица, рани 20 па се самоуби
-

Лавров: Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум
-

Татко се самозадоволувал пред синот и го наведувал да гледа порнографска содржина и да самозадоволува
-

Приведени шест возачи за безобѕирно управување возило, четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол
