Фицо: Уморен сум од тоа што Зеленски патува низ Европа и само проси и уценува
Словачкиот премиер Роберт Фицо остро ја критикуваше Украина како несигурен партнер и рече дека е уморен од нејзиниот претседател Володимир Зеленски кој патува низ Европа „молејќи и уценувајќи“.
Фицо ова го кажа во говор во собраниска комисија, а видеото го објави на својата Фејсбук страница, пренесува Кликс.
Словачката опозиција свика седница на парламентарната комисија и побара Фицо да ја објасни средбата со претседателот на Русија, Владимир Путин и да каже кои се следните чекори на Словачка во однос на прекинот на транзитот на рускиот гас преку Украина.
Фицо изјави дека се подготвени две решенија за транзит на гас од Украина во Словачка, со кои наводно се согласил и украинскиот премиер Денис Шмихал.
Еден од нив требаше да биде договор меѓу Русија и Азербејџан, што ќе и овозможи на Словачка да добива гас од Азербејџан, но Фицо рече дека Зеленски го нарушил тој договор.
Втората опција е предлогот матичната компанија СПП да основа подружница на руско-украинската граница, за да може гасот да се транспортира до Словачка преку Украина.
Фицо го нарече украинскиот претседател несигурен и рече дека му е „дојден преку глава“. -Зеленски оди низ Европа, само проси и уценува барајќи пари. Едноставно мора да престане“, рече тој.
Од друга страна, додаде тој, Русија отсекогаш била сигурен партнер во снабдувањето со енергенси. -За разлика од Украина, Русија никогаш не не измами.
Се сеќавам на ситуацијата во 2009 година кога бев во Украина и побарав од украинската премиерка Јулија Тимошенко да ни даде малку гас од резервоарот во западниот дел на Украина и тогаш ми беше кажано да одам по ѓаволите.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино