Loading Video...
Македонија
16. January 2025 - 21:10

Ќе се откочи ли македонскиот евроинтегративен пат со новата бугарска влада?

Непопустливост кај надворешната политика, а дома фокусот, влез во еврозоната.. Политичките аналитичари од Бугарија, без големи очекувања од новоформираната влада.. Велат, значајно е што по неколку изборни процеси, државата добива политички владин кабинет, но неизвесно е колку долго ќе опстои коалицијата формирана од три партии..

„Кога знаеме дека партиите на „статус кво“ состојбата во Бугарија направија коалициона влада, очекувањата не се големи. Ниту за реформи ниту за некакви ненадејни промени на политиката. За нас има неколку важни цели, како најважна е влезот во еврозоната во 2025 година.. Таа влада како што може за еден месец да се распадне, така може да трае и 3-4 години. Вистината е дека никој не знае. Ситуацијата е сложена. Бугарија е исправена пред поголема ситуација, војна во Украина, ново раководство, промени во Европа“, изјави Владимир Владимиров, Политички аналитичар од Бугарија. 

Владимиров не очекува дека Бугарија ќе го промени ставот кон Македонија.. Деблокада на преговорите со ЕУ вели е можно само со прифаќање на францускиот предлог и впишување на бугарите во македонскиот устав.. На тоа, се обврзала и државата, појаснува политичкиот аналитичар..

„Тоа се истите партии кои ги создадоа црвените линии и гласаа во бугарскиот парламент пред неколку години за Македонија. Така што попрво очекувам тврда бугарска позиција, отколку некаква полиберална, поотворена која ќе бара компромис. Во Бугарија и бугарските политички партии, францускиот предлог го гледаат како разумен компромис, разумна варијанта. Многу малку, тука сите партии се на тој став, вклучително и Претседателот Радев“, вели Владимиров.

Според политичкиот аналитичар, не се очекуваат измени кај инфраструктурното поврзување на двете држави.. Бугарија, вели, работи на проектите за железничко и патно поврзување со Македонија, а во меѓувреме предвидено е формирање на заедничка комисија за тунелот кој треба да ги поврзе железниците на двете држави..