Познатата Селена Гомез со драматично видео против имиграциската политика на САД
Латиноамериканската пејачка и глумица, Селена Гомез вчера сподели видео на „Инстаграм“, со натпис „Жал ми е“ и мексиканското знаме, во коешто со плачење ја критикува имиграциската политика на претседателот на САД, Доналд Трамп. Но, набргу потоа, видеоснимката беше избришана, пишува „Јаху ентертејнмент“.
–Сите мои луѓе се нападнати. И децата. Не разбирам. Многу ми е жал, посакувам да можам да направам нешто, но не можам. Не знам што да правам. Ќе пробам сè, ветувам!, рече Гомез во видеото.
Според нејзините критичари, ова е поддршка за незаконското влегување и доселување во САД.
Во следната приказна на „Инстаграм“, откако претходното видео веќе беше недостапно, Гомез напиша: „Очигледно не е во ред да се покажува емпатија кон луѓето“.
Само еден ден претходно, 956 лица беа уапсени во акција на надлежните за имиграција ширум САД – најмногу откако Трамп повторно ја презеде функцијата претседател, според Службата за имиграција и царина. Стотици уапсени имаше и претходните денови.
Гомез во повеќе наврати говори за доселениците, бидејќи и таа е потомка на доселеници кои во 1970-тите дошле во САД. Во 2019 година, таа ја продуцираше документарната серија „Живеејќи без документи“ (Living Undocumented), што раскажува за лицата со нелегален престој во нејзината држава.
–Недокументираната имиграција е прашање за коешто размислувам секој ден и никогаш не заборавам колку сум среќна што сум родена во оваа земја, благодарение на моето семејство и благодатта на околностите, вели таа во својот документарец.
По нелегалниот влез во САД на нејзината тетка, баба, дедо итн. – Заслужни за „храброста и пожртвуваноста“ на нејзиното семејство, како што раскажува родената Американка, татко ѝ е роден во Тексас.
„Но, кога ги читам насловите на вестите или гледам дебати за насилните доселеници на социјалните мрежи, се плашам за оние во слични ситуации. Се плашам за мојата земја“, напиша Гомез во една прилика.
Според Институтот за миграциска политика, поранешниот претседател Џозеф Бајден извршил 1,5 милиони депортации во текот на неговите четири години од мандатот – бројки што „ги отсликуваат бројките на депортации во првиот мандат на Трамп“, пренесува „Јаху ентертејнмент“.
Ново на Сител
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1