Во Вашингтон патнички авион се урнал во реката Потомак по судaр со воен хеликоптер, има жртви

Властите во американската престолнина вршат истрага откако синоќа во воздух се судрија помал патнички авион на „Американ Ерлајнс“ и воен хеликоптер.
Сударот се случил во близина на главниот аеродромот во Вашингтон, а делови од воздухопловите паднале во реката Потомак, јавија американските медиуми.
Се дознава дека во патничкиот авион Bombardier CRJ70 носел 60 патници.
-Има жртви, изјави доцна синоќа Тед Круз, сенатор од Тексас, пренесе Волстрит џурнал.
Според претставници од авиоиндустријата и владата, во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот. Во воениот хеликоптер Black Hawk се наоѓале три лица.
Сударот се случил некаде пред 21 часот локално време, моменти пред слетувањето на патничкиот авионот. Леталата се урнале во реката Потомак. За инцидентот бил информиран и претседателот Доналд Трамп.
-Господ нека ги благослови нивните души. Благодарност за неверојатните напори на нашите екипите за итна помош. Ја следам ситуацијата и ќе споделам повеќе детали кога ќе станат достапни, изјави Трамп.
Националниот аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон поради инцидентот синоќа беше затворен. На местото на несреќата можеа да се видат неколку десетици возила на службите за брза помош.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
