Вицепремиерот Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД
Во рамки на официјалната посета на Вашингтон, првиот потпретседател на Владата Изет Меџити учествувал на Меѓупарламентарниот безбедносен форум што го организирале конгресмените Пит Сешнс и Роберт Адерхолт, соопштија денеска од Демократското движење.
На овој форум се разговарало за безбедносни прашања за Западен Балкан и за Европската Унија, со фокус на потребата од зајакнување на одбранбените институции и зголемен ангажман на земјите од регионот во НАТО.
Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон 1
Во својот говор пред учесниците на Меѓупарламентарниот безбедносен форум, се наведува во соопштението, Меџити истакнал дека поддршката на Соединетите Американски Држави за одбранбениот сектор на Западен Балкан, по кризата предизвикана од војната во Украина, била и останува клучна.
- Северна Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир и безбедност, како одговорен актер и извор на извоз на регионалниот мир, истакнал вицепремиерот Изет Меџити.
Инаку, на овој форум учествувале и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кои ги споделиле своите искуства во безбедносните предизвици.
Ново на Сител
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри
-
Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо
-
Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител