„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Новата бугарска Влада соопшти дека одбива да преговара со Северна Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ, наведува бриселскиот портал „Еурактив“.
- Пред три години, Бугарија и Северна Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки за деблокирање на процесот за европска интеграција на Западниот Балкан. Владата во Скопје се согласи да го вклучи бугарското малцинство во својот Устав, а властите во Софија ветија дека ќе го укинат ветото за почеток на преговорите со Северна Македонија, се потсетува во текстот објавен денеска.
Авторот на написот натаму наведува дека лани дојде до промена на власта во Скопје и дека новата Влада предводена од Христијан Мицкоски ветила дека „нема да направи отстапки кон Софија“.
„Еурактив“ ја пренесува изјавата на Мицкоски дека се чека на избор на редовна влада во Софија за да почнат преговори за укинување на бугарското вето, но посочува дека првите сигнали од бугарска страна се дека нема да има обнова на дијалогот.
- Бугарија потсетува дека вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Северна Македонија не е билатерален проблем, туку е услов на Брисел кон Скопје, наведува порталот.
Во текстот се пренесува и изјава на неименуван бугарски министер дека Бугарија останува „исклучително доследна“ на нејзината политика кон Западниот Балкан и на европската интеграција на сите земји од регионот.
- Постои европски консензус, кој во Бугарија е познат како „францускиот предлог“, што строго ќе се следи. Тоа што е постигнато како договор не е билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, тоа е меѓу Брисел и нашите соседи од Република Северна Македонија, вели министерот.
Од друга страна според „Еурактив“, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да инсистира уставните измени да бидат усвоени сега, но да стапат во сила по влезот на Северна Македонија во ЕУ за да се спречи ризикот Бугарија да стави ново вето по други основи, како и дека премиерот Мицкоски веќе побара средби со претставници на бугарската Влада.
- Во минатото веќе имавме средби со бугарското раководство на највисоко ниво и со нивниот тогашен привремен премиер. Очекувам дека во следниот период ќе има средби со бугарската Влада на различни нивоа и тоа не треба да не чуди. Ниту ние ќе исчезнеме, ниту тие ќе исчезнат, ние сепак ќе бидеме соседи. Треба да изградиме добрососедски односи, но тоа не значи дека се согласуваме за некои теми за кои имаме разлики, пренесува „Еурактив“ изјава на премиерот Мицкоски.
Ново на Сител
-

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
-

Чолиќ: Јас сум во Загреб, семејството ми е добро
-

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители
-

ССМ од 10 февруари почнува со блокади
-

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури, одбраната бара укинување на притворот за Васев и Нухи
-

Усвоен извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување од 1 јули до 31 декември 2025 година
-

Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани
-

Автобус во движење изгоре на автопат кај Солун
