Стопанската комора на трговци на големо и мало со реакција на владините одлуки за ограничување на маржите

Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун денеска преку соопштение изразува сериозна загриженост за вчерашните одлуки на Владата, кои беа соопштени од заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаат последиците од овие одлуки и да ги земат предвид аргументираните предлози на компаниите од трговската дејност.
Според овие одлуки, како што наведуваат, се предвидува ограничување на маржите на основните прехранбени производи, при што се очекува дека цените на овие производи ќе се намалат во просек за 10 отсто, освен за млекото, лебот, брашното тип 400 и 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко, за кои се предвидува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат.
- Сепак, забележуваме дека во својата изјава заменик-министерот сам се демантира. Од една страна, се наведува дека основните производи се маржираат од 20-25 отсто, што е причината за ограничувањето на маржата на 5 отсто, но од друга страна се тврди дека нема да има значително намалување на цените. Логично е, цените да се намалат за 15-20 отсто, доколку се намали маржата на овој начин. Дополнително, овие одлуки не ги заштитуваат социјално загрозените граѓани, туку најголемата финансиска корист ќе ја имаат потрошувачите со повисоки приходи. На пример, во групата на месни производи ќе треба да се намалат цените и на луксузни производи, што значи дека не се води сметка за приоритетите на граѓаните со пониски примања, се вели во соопштението.
Од Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун посочуваат дека иако Владата најави дека оваа мерка ќе опфати 1000 производи, во реалноста се работи за многу поширока листа од 3000-4000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко со различни маслености, како и производи како што се детергенти и сапуни.
- Целиот сектор ја дели загриженоста, иако до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат достави конкретни предлози, кои се одраз на реалната состојба. Овие предлози беа на барање на Владата. Тие имаат за цел да се обезбедат ефективни мерки за намалување на цените, а истовремено да не го загрозат опстанокот на трговските претпријатија. Затоа предлагаме Владата посериозно да ги земе предвид нашите аргументирани предлози, кои се во согласност со Уставот и законите на државата, пред да донесува вакви сериозни одлуки, кои можат да нанесат голема штета на сите стопански субјекти вклучени во трговската дејност, стои во соопштението.
Со вакви избрзани одлуки, како што наведуваат, се нанесува значителна штета на голем број стопански субјекти кои имаат клучна улога во развојот на економијата. Според нив, овие компании се соочуваат со неизвесност во нивните идни инвестиции и активности, а истовремено се испраќа негативна порака до сите потенцијални инвеститори во дејноста.
Додаваат дека овие компании вработуваат 4700 граѓани и нивното функционирање е од суштинско значење за економската стабилност на државата.
Ново на Сител
-

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
-

Сомнеж за загадување на водата во Гостивар: Поставени пумпи во корито на отпадни води
-

Владата донесе одлука - кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври
-

УЈП: Над 35.000 граѓани поднеле барање за кориснички профил на даночен обврзник, но постапката за регистрација не е целосно завршена
-

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари
-

Грешка која ја прават повеќето возачи при користење повеќесезонски гуми
-

Кривична за косовски државјанин кој насилно ја преминал граничната линија откако бил фатен во обид да криумчари дрога
-

Кривична за поранешна претседателка на комисија во Министерство за здравство за несовесно работење при надзор над медицински канабис
