Зеленски: Украина активно подготвува нови состаноци, преговори и договори со партнерите
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска соопшти дека неговата земја во моментов активно подготвува состаноци, договори и преговори со своите партнери.
-Ќе има и други решенија. Сега активно подготвуваме состаноци, договори, преговори. Украина мора да биде силна за да функционира дипломатијата благодарение на оваа сила. Веќе има многу дипломатија, а настаните само ќе се забрзаат, најави Зеленски во редовното вечерно видео обраќање до нацијата, пренесе Укринформ.
Според Зеленски, некои формати специјално се подготвуваат со партнерите. Како што е наведено, украинскиот тим, исто така, веќе започна да работи на ветувањата што партнерите ги дадоа на Самитот за поддршка на Украина во Киев.
-Нашиот тим веќе започна да работи на она што нашите партнери го ветија вчера во Киев, на Самитот за поддршка на Украина. Повеќе од 40 учесници на самитот онлајн и офлајн: лидери, други претставници на земји, меѓународни организации. Одделна средба во формат со балтичките и нордиските земји, како и средбата на лидерите на Групата седум, нагласи украинскиот претседател.
Тој им се заблагодари на сите, кои, како што рече, беа вистински принципиелни во понеделникот, на третата годишнина од почетокот на целосната руска инвазија.
-А ние во Украина цениме што нашите партнери се подготвени не само да продолжат, туку и да ја зголемат поддршката за нашата држава и нашиот народ, за побрзо да постигнеме мир-праведен мир, што ќе гарантира агресијата веќе да не се повтори, нагласи Зеленски.
Укринформ потсети дека повеќе од 40 лидери на држави, институции и меѓународни организации во понеделникот учествуваа на самитот „Поддршка на Украина“ во Киев.
Ново на Сител
-
Бискуп Киро: Велигден не познава ,,наш" и ,,ваш" календар - да се молиме за заедничко чествување затоа што тој му припаѓа на Христос
-
Кривична против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на Табановце
-
Кривична за 60-годишник од Свети Николе кој вршел јавен превоз без лиценца
-
15-годишник од Охрид со моторцикл удрил во три лица, а потоа и во паркирано возило
-
19-годишно момче загина во сообраќајна несреќа кај Гевгелија
-
Приведен 44-годишник од Штип, управувал со возило под дејство на алкохол
-
Си-Ен-Ен: Администрацијата на Трамп е подготвена да ја признае руската контрола на Крим со цел да се стави крај на војната
-
Тошковски: СВР Охрид и РЦ Запад подготвени за безбедна туристичка сезона