Македонија
26. February 2025 - 16:42

Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата

Новото нормално на Мицкоски е потежок живот за граѓаните и надворешна политика без компас вели Филипче. Два дена откако Македонија во Обединетите нации воздржано гласаше и за украинската и за американската резолуција, опозицискиот лидер прашува што прави Македонија во групата земји како Гана, Бангладеш и Замбија. Со овој чекор според Филипче власта ја ризикува европската иднина на земјата, а доказ за тоа се бројните пораки на загриженост кои до него пристигнале вчера од бројни амбасади во земјава. Дали сме европска земја или сакаме да останеме во некоја геополитичка изолација? Со овие хаотични и неразбирливи одлуки, Северна Македонија испраќа порака дека нејзината надворешна политика е импровизација.

Во глобалната политика, каде секој потег има значење, ваквата неодговорност не останува незабележан. Многу помудро ќе беше земјава да даде поддршка и да гласа „за“ двете резолуции со што ќе испратеше порака дека има принципиелна и стабилна позиција којашто значи поддршка и кон Европската Унија и кон Соединетите Американски Држави, потенцира Филипче. Премиерот Мицкоски останува на тврдењето дека Македонија гласаше воздржано, бидејќи така гласале и Соединетите Американски Држави.

За Филипче вели дека е човек кој нема кредибилитет да ја коментира надоврешната политика на владата. Најважно според премиерот е што американската резолуција коспонзорирана од Македонија која завзема неутрална позиција за руско украинскиот конфликт помина во Советот за безбедност, чии одлуки се правно обврзувачки. Бевме коспонзори, да, и ќе ја потсетам македонската јавност дека таа резолуција е обврзувачка бидејќи помина на Советот за безбедност.

Останатите членки кои се стандардни, но, и ротирачките, не гласаа против и со тоа ја поддржааа. Во меѓувреме, кога дојде таа резолуција да се гласа на самото Собрание, беа поднесени повеќе амандмани. Повеќето амандмани беа одбиени, а еден беше прифатен. Тогаш предлагачот САД, кој го има тоа право, со кого бевме целосно координирани, гласаше воздржано и ние гласавме воздржано. Жалам што политиката од оптика на топли песочни плажи и оптика овде од Македонија не е иста, па можеби некои од опозициските лидери се уште живеат на топлиот песок и гледаат со тие очила, се уште неразбудени дека се опозиција и долго ќе бидат опозиција, рече претседателот на Владата Дел од земјите членки на Унијата сепак се изненадени од одлуката на Македонија да не ја поддржи украинската резолуција.

Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција во Македонија Од МНР изминатите два дена потенцираат дека членството во ЕУ останува врвен приоритет, Македонија останува целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, а Украина ја има целосната поддршка.