Додик: Подготвени сме на разговор со сите, но не и да не игнорираат

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е подготвен да разговара со сите претставници на бошњачкиот и хрватскиот народ и да ги отвори сите теми за тоа како Босна и Херцеговина да стане уставна и одржлива за сите, но дека српскиот народ нема да се придржува до правилата според кои ги губи сите права што ги стекнал.
„Не сакам да припаѓам во историјата на српскиот народ на оние политичари кои беа окарактеризирани како некој што на маса ги загуби сите наши победи. Затоа, инсистирам на тоа што е наше и што ни го даде Уставот на БиХ. Не бараме ништо повеќе. И ние мислиме дека БиХ може и треба да остане таква“, рече Додик.
Тој најави подготвеност за разговари и за тешки теми, како што се судот, обвинителството и се останато. „Тоа го понудивме и претходно. Но, не сме подготвени да прифатиме игнорантски да се однесуваат кон интересите и правата на Србите овде и во Република Српска во целина“, изјави синоќа Додик на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Бања Лука.
Додик истакна дека мирот е примарен и дека нема да поддржи никаква активност насочена против кој било припадник на бошњачкиот или хрватскиот народ, како што нема да дозволи ништо да се направи против српскиот народ.
Тој нагласи дека РС е посветена на зачувување на мирот, не напаѓа никого, ниту подготвува какви било воени планови и ги повика сите луѓе да ја зачуваат стабилноста и мирот, но дека нема да дозволат РС да биде игнорирана.
„И затоа ќе се обидам многу добро да ги разберам пораките и сугестиите што самиот претседател (Вучиќ) ги изнесе овде. И утре раководството на Република Српска ќе не покани на разговори и тоа е основната намера на нашите желби овде. Да разговараме, да кажеме што може да се направи, што не може да се направи. Да ги запознаеме со променливите геополитички, политички и други односи како во регионот така и во светот. Ниту една педа од Федерацијата не не интересира. Ние не сме заинтересирани да им наметнуваме ништо, туку она што го сакаме исклучиво, го сакаме она што ни го даде Уставот и меѓународниот мировен договор“, нагласи Додик.
Тој му се заблагодари на Вучиќ што пристигна во РС. „Република Српска е горда што реагиравте како никогаш досега во историјата, ниту еден претседател на Србија, ниту кој било друг, и што дојдовте овде и покрај времето и проблемите што ги имате како претседател на меѓународно и на секое друго ниво. Ова е многу, многу важно за нас. Ние ја сфаќаме мировната улога што ја има Србија. Тоа е нејзина политика во регионална смисла, но тоа е и политика за зајакнување на самата Србија“, посочи Додик.
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Техничката влада е препартиска и нема уставен основ, сега не треба да има предвремени избори
-

Мисајловски: Сè поголем интерес за професионални војници, годинава конкурс за уште 300
-

Зеленски: Украински функционери се на пат кон САД за да ги разјаснат условите за постигнување мир
-

Стармер не сака разговори со Путин како што предложија Макрон и Мелони
-

Поранешната најголема санта лед во светот видена од вселената како се распаѓа
-

Трамп може да ги казни со царини земјите кои се противат на неговите планови за Гренланд
-

ДСЗИ: Причината за смрт на доенчето починато во Кавадарци ќе биде наведена во извештајот по завршување на обдукцијата
-

МВР: Од 20 до 31 јануари тестирање на камерите за сообраќаен надзор во рамки на „Безбеден град“
