Холивудската легенда Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви, се води истрага

„Оскаровецот“ Јуџин – Џин Хекман почина вчера на 95-годишна возраст. Во изјава за тамошните медиуми, окружниот шериф на Градот Санта Фе, Ејдан Мендоза рече дека Хекман и неговата сопруга – пијанистката Бетси Аракава, биле пронајдени мртви вчера попладне, во нивниот дом во главниот град на американската сојузна држава Ново Мексико.
„Може да потврдиме дека и Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви во средата“, соопшти полицискиот оддел на Санта Фе.
Надлежните потврдија и дека постои активна истрага за двата смртни случаи. Причината за смртта сѐ уште не е позната.
Шерифот Мендоза изјави дека првично нема јасни знаци на насилство, објави „Гардијан“.
Хекман живееше во Санта Фе, Ново Мексико, САД од 1980-тите. Се ожени со Аракава (63) во 1991 година. Зад себе има 101 улога, два „Оскари“, две „БАФТА“ одличја, четири „Златни глобуси“ и една награда на американското Здружение на глумци (САГ).
Ново на Сител
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026
-

Лишени од слобода две лица поради бегство од затвор
-

Иран е претпазлив во врска со разговорите со САД за завршување на војната
-

Папата Лав се надева дека Трамп бара „излезна рампа“ за војната со Иран
-

Први април – Ден на шегата: Скопје во знакот на хуморот, маските и карикатурата
-

Лагард: Последиците од војната со Иран ќе бидат долготрајни
-

Сиљановска Давкова и Милатовиќ ќе одржат предавање на Правниот факултет при УКИМ
