Македонија
28. February 2025 - 16:36

Дурмиши: Нема да се толерира картелско здружување на ланците маркети

Нема да се толерира никакво картелско здружување и договори кои го прекршуваат законот-министерот за економија му верува на заклучокот на Комисијата за заштита на конкуенцијата дка четири ланци на маркети и една стопанска комора картелски се здружувале и договарале цени за да ја ограничат пазарната конкуренцијата. 

На секој закон што ќе биде прекршен, Дурмиши вели Владата остро ќе се спротивстави со поригорозни мерки.

Пазарните инспектори пак неделава направиле над 1000 инспекции, дали се почитуваат владините мерки за замрзнатите цени и ограничените маржи. Контролите оваа недела покажале дека мерката се почитува, но министерот следната недела ќе седне со инспекторите за финален извештај. Казните за оние кои нема да ја почитуваат мерката се до 10.000 евра. 

Од средината на април, големите маркети ќе мораат да ги објавуваат цените и на своите веб-страници. Законот што го регулира ова наскоро ќе биде објавен во Службен весник, а трговците ќе имаат 45 дена да го спроведат.
Во пресрет на Велигден и Рамазан, лебот, маслото, јајцата, брашното, киселото млеко и јогуртот остануваат со замрзнати цени, додека за 102 групи на производи се воведуваат ограничувања на маржите, со цел да се спречи неосновано поскапување.