Македонија
1. March 2025 - 12:01

Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола

На 28.02.2025 во 11.56 часот, во СВР Битола било пријавено дека во дворот на Педагошкиот факултет на ул.„Генерал Васко Карангелевски" во Битола била  пронајдена граната.

Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола истата е подигната и утврдено е дека се работи за  артилериска граната кал.75 мм од Прва светска војна.