Маск предлага амнестија за Зеленски во замена за мирни демократски промени во Украина
Американскиот милијардер и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Илон Маск, денеска изјави дека на украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да му се понуди некаква амнестија во замена за мирни демократски промени во Украина.
– Вистина. Колку и да е невкусно, на Зеленски треба да му се понуди некаква амнестија во неутрална земја во замена за мирно враќање на демократијата во Украина, напиша Маск на „Х“, коментирајќи ја објавата на коментаторот Роган О’Хендли (наречен DC_Draino) во која Зеленски го нарече диктатор кој „знае дека кога војната ќе заврши, неговата моќ ќе престане затоа што ќе биде поразен на избори и ќе оди во затвор“.
Сличен став неодамна изрази и Трамп, кој го нарече Зеленски „диктатор без избори“ и посочи дека украинскиот лидер е поддржан од само четири отсто од гласачите. Украинскиот лидер изјави дека е подготвен да поднесе оставка од својата функција доколку тоа донесе мир во Украина или доведе до прием на земјата во НАТО.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Ќе бараме кривично правна одговорност за насилничкото однесување на опозицијата
-
Едно лице загина, а две се тешко повредени на автопатот Тетово - Гостивар
-
Зеленски е подготвен да го потпише договорот за минерали и безбедност со САД под силно водство на претседателот Трамп
-
Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација
-
Сообраќајка на автопатот Тетово - Гостивар, возилата се пренасочуваат
-
Петгодишно дете се затруло со таблети во Делчевско
-
За 4.000 евра дала на посвојување новородено бебе - кривична и притвор за жена од Куманово и уште четири лица
-
46-годишна жена измамена за 600 евра