Македонија
5. March 2025 - 21:18

Анализа: Колку се сериозни заканите од ДУИ и дали коалицијата е пред распад?

Заканите на Ахмети за бојкот на локалните избори ќе значат и попречување на демократските процеси во државата, смета дел од експертската јавност. Најавите за вовед во политичка криза го ставаат во незавидна позиција и со парнерите, кои според познавачите нема да го одобрат најавениот бојкот ако се уверени во победа на локалните избори. 

Ахмети не е во комотна состојба ниту со распределбата на имињата со кои ќе ја трча изборната трка. Се погласните информации дека во Мала Речица не можат да се откажат од Рамиз Мерко  за местото во Струга, а тоа го налутило и Села кој се заканувал со бојкот ако од игра не биде исклучен Мерко.Различните апетити на коалиционите партнери, може да значат и закана за единството во Европскиот фронт, сметаат експертите. 

Ахмети и интегративците се заканија дека нема да дозволат да се постават кутии за локалните избори доколку се допре законот за јазиците. Лидерот на ДУИ ја повика коалицијата ВРЕДИ да ја напушти Владата и заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори како најдобро решение за излез од политичка криза.