Loading Video...
Свет
6. March 2025 - 12:36

Преглед на вестите од светот

Инциденти во Атина по завршувањето на протестот за жезелничката несреќа

Инциденти се случија во центарот на Атина по завршувањето на официјалниот дел од протестот за железничката недреќа, јави дописничката на МИА од Атина. Групи маскирани лица ја нападнаа полицијата со молотови коктели, разни предмети, полицајците одговорија со шок бомби и солзавец, а инцидентите се проширија околу поширокиот дел на плоштадот Синтагма и околните улици. Дополнително, маскирани лица запалија и канти за отпадоци. 

Претходно, на почетокот на протестот со 57 хартиени фенери, што беа пуштени во воздух пред грчкиот Парламент организаторите на протестот за железничката несреќа им оддадоа почит на загинатите 57 лица во железничката несреќа кај Темпи. Почетокот на протестот вчера е во исто време со почетокот на тридневната расправа во Парламентот за предлогот на четири опозициски партии за гласање недоверба на Владата. Целта на демонстрантите беше уште еднаш да го повторат и истакнат нивното барање за правда и одговорност за несреќата. Железничката несреќа кај Темпи се случи на 28 февруари 2023 година во директен судир на патнички и товарен воз, при што загинаа 57 лица.

Орбан во посета на Париз пред самитот на лидерите на ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна на состанок со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз. Орбан рече дека ќе разговара со францускиот лидер за украинската криза пред вонредниот самит на лидерите на Европската унија закажан за четврток денеска.

Демонстрации во Лондон и Брисел за поддршка на Украина

Стотици демонстранти се собраа пред американската амбасада во Лондон синоќа откако администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја суспендираше сета воена помош за Украина. Демонстрантите вееја украински знамиња и носеа транспаренти со слогани „Стоп за Трамп“ и „Нема договор без Украина“. Претходно директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, објави дека САД, исто така, го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Киев по најновиот потег на Трамп да ја наруши американската политика и да усвои попомирувачки став кон Русија.

Активистите синоќа се собраа и развија џиновско украинско знаме до местото на одржување на самитот на Европската унија во четврток за да ги повикаат водачите да ги запленат замрзнатите руски средства за да ја поддржат Украина во војната.