Македонија
10. March 2025 - 16:32

Рекации за интервјуто на Пендаровски за Сител

Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД. Два дена по интервјуто на Пендаровски за Сител остри реакции на негова адреса од владејачката партија.

Пендаровски е поранешен претседател и има право да каже што сака, велат од СДСМ. Оттаму бараат Владата да води политика која ќе се позиционира меѓу интересите на САД и Европската Унија.

Пендаровски во интервју за Сител ја критикуваше Владата што одбрала да ги следи политиките на стратешкиот партнер, коментирајќи дека било аматерски да се застане на страната на Аемирка во нејзините несогласувања со Европската Унија.